Анже зема бод кај Ланс

Фудбалерите на Ланс и Анже одиграа без победник 2:2 во првиот натпревар од 15-то коло на француското првенство.

Гостите поведоа во 40 минута со погодокот на Софиоан Бофал, но на почетокот од второто полувреме домашните направија резултатски пресврт со погодоците на Гаел Какута во 48 и Флориан сотока во 55 минута. Сепак, играчите на Анже беа упордни да го оправдаат високиот пласман во досегашниот тек на првенството и успеајата да израмна во 70 минута преку Ромен Томас.

Ланс не успеа да направи барем привремен пробив до втората позиција на табелата и остана четвртопласиран со 25 бодови, колку што има и Рен на третото место, а бод повеќе има втората Ница, додека на врвот неприкосновен е ПСЖ со 37 бодови а сите три екипи имаат по меч помалку. Но позицијата на Ланс е загорзена од Марсеј кој е петти со 22 бодови но и два меча помалки. Анже остана на шестото место со 22 бодови а го следат дури четири екипи со по 19 бодови.

Во сабота се играат само два дуела: Лил – Нант и Ница – Метц.

Неделата програма започнува со дуелот Сен-Етјен – ПСЖ, а продолжува со дуелите Лориен – Рен, Ремс – Клермон, Бордо – Брест, Монако – Стразбур, Монпелје – Лион и Марсеј – Троа.