1.8 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Апел за хуманост: На семејството Басарови од Велес му е потребна наша помош

Фамилијата Басарови кои веќе подолг период се соочуваат со тешката дијагноза на мајката Тања, која на свои 38 години боледува од рак на бели дробови, сега се соочија со уште проблеми откако во експлозија на бојлер на плин, сопругот Кире Басаров се здоби со изгореници на лицето и телото од над 60 отсто како и проблеми со дишните патишта поради вдишувањето на гасот и за него ќе биде потребно подолго лекување.

Станот во кој живеат е демолиран, нема прозори, делови од мебел, теписи, простирки, гардероба, апаратите во кујната не работат.

ЖИВОТОТ ЗНАЕ ДА БИДЕ НАВИСТИНА ПРЕМНОГУ СУРОВ, НО ЗАТОА НИЕ СМЕ ТИЕ КОИ МОЖЕМЕ ДА ЈА УБЛАЖИМЕ БАРЕМ МАЛКУ ТЕШКАТА СИТУАЦИЈА ВО КОЈА СЕ НАОЃА ФАМИЛИЈАТА БАСАРОВИ.

За таа цел отворена е ДОНАТОРСКА СМЕТКА во НЛБ банка: 210-7000006590-57