Жителите на Берово во знак на благодарност со ракоплескање ги поздравија пожарникарите од Словенија додека минуваа низ градот, а кои пристигнаа во Македонија да помогнат во спречувањето на пожарите кои ја зафатија нашата земја.
Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, 11 противпожарни возила и транспортни возила, а во Македонија пристигна во текот на вчерашниот ден.
Во координација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) конвојот веднаш бил испратен во беровско каде истиот помагал во гаснењето на големите пожари.
Досега во земјава помош за гаснење на пожарите е пристигната од Србија, Словенија, Бугарија и Австрија.