Јапонија го одобри „ремдесивир“ за лекување на Covid-19

Јапонија го одобри лекот „ремдесивир“ на американската фармацевтска компанија „Gilead“ за лекување на респираторната болест Covid-19 којашто ја предизвикува новиот тип коронавирус, објави во четвртокот тамошното министерство за здравство.

Јапонските власти ја донесоа одлуката само три дена откако американската компанија поднесе барање за одобрување во забрзана постапка, со што Јапонија стана втората земја во светот по САД која официјално го авторизираше лекот.

Лекот „ремдесивир“ ќе им биде даван на пациентите со потешки форми на Covid-19, соопшти јапонското министерство за здравство.

Имајќи предвид дека досега нема други одобрени лекови, побарувачката на „ремдесивир“ расте ширум светот. Лекот минатата седмица го одби одобрувањето од американската за Агенција за храна и лекови за употреба на одделите за интензивна нега.

Јапонија, со 16.000 заразени и помалку од 800 починати, има значително помалку случаи на зараза со коронавирусот отколку другите големи индустријализирани земји.