Јапонија се подготвува за воведување на 6G мрежата

Јапонската влада одлучила да ги започне подготовките за воведување на мобилните мрежи од шетата генерација (6G), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне да функционира во 2030 година.

За оваа цел основан е стручен совет во кој техничките експерти, претствници на приватни компании и на надлежните јавно установи, чијашто задача е да се разработи комплексна стратегија за преод на нов формат.

Комуникацискиот систем од петтата генерација (5G) ќе биде воведен во широка употреба во Јапонија оваа пролет. Во тоа оваа земја заостануваше зад САД и Јужна Кореја, каде што веќе започна примената на напредната 5G мрежа.

Новинската агенција Kyodo пренесува дека владата во соработка со стопанството сака да го надомести ова заостанување и да ја преземе водечката улога во преминот на уште побрз и побезбеден состав од шестото поколение.

Широка употреба на системот на 6G мрежите се очекува особено во автономните возила без возачи.