Јапонија во потрага по севернокорејски брод

Јапонските власти денеска покренаа потрага по севернокорејскиот рибарски брод, кој потона во Јапонското Море.

Друг севернокорејски брод, по телефон ги известил поморските власти на Јапонија дека брод потонал во северниот дел на морето, во местото познато и како Јамато Шелоус, соопшти портпаролот на јапонската крајбрежна стража.

Судбината на екипажот на потонатиот брод е непозната.