Јапонската економија слабее, се заканува рецесија

Јапонија во првиот годинешен квартал забележал пад на економските активности, а во април се удвоил трговскиот дефицит што укажува на слабеење на третата според обемот економија во светот, поради што ѝ се заканува рецесија.

Јапонската економија се намалила во првото годинешнотримесечје по ануализираната стапка од 1,0 отсто, покажаа податоците на владата, што е малку помалку откол што се очекуваше, бидејќи приватната потрошувачка покажала отпорност, и покрај повторното ширење на коронавирусот.

Намалувањето на буто домашниот производ (БДП) во првиот квартал изнесувало 0,2 отсто во однос на претходното тримесечје.

Ануализираната стапка покажува колку една економија би паднала или пораснала во последните 12 месеци доколку во секое тримесечје би имало исто темпо на пад или на раст.

Податоците покажуваат дека личната потрошувачка, којашто сочинува повеќе од половиа активностите во стопанството, останала речиси непроменета, додека економистите очекуваа пад од 0,5 отсто.

Според најновите податоци на јапанското министерство за финансии, апровски дефиците на Јапонија од 839,3 милијарди јени, или 6,5 милијарди американски доларуи, е нешто полалку од очекуваниот дефиците од 1.150 милијарди јени, додека во март изнесувал 414 милијарди јени.

Извозот на годишно ниво во април пораснал за 12,5 отсто, на 8.076 милијарди јени, побавно во однос на 14,7 отсто во претходниот месец. Увозот, пак, скокнал за 28 отсто во однос на истиот месец минатата година, исто така, помалку во однос на претходниот месец кога пораснал за 31 отсто.

Имајќи го предвид забавувањето на растот на другите најголеми светски економии, можно е јапонската економија да падне и во тековното тримесечје. А тоа значи дека би се нурнало во рецесија, односно би забележало пад два квартала последователно. Поради тоа, јапонската централна банка и натау води поттикнувачка монетарна политика, иако во Јапонија, како и во поголемиот дел од светот, јакнат инфлаторните притисоци.