Ексцентричниот јапонски милијардер Јусаку Маезава откри во петокот дека К-поп ѕвездата TOP и диџејот Стив Аоки ќе бидат меѓу осумте патници коишто планира да ги поведе на патувањето околу Месечината следната година со едена од ракетите на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск.
Маезава ги купи сите места за првото патување околу Месечината на коешто се работи од 2018 година и коешто ќе следи по неговото патување со руското вселенско летало „Сојуз“ до Меѓународната вселенска станица (ISS) на 12-дневен престој минатата година.
Изборот Маезава, кој инаку се збогати со основање на модната продажна апликација на интернет „Zozo Inc 3092.Т“, изборот го објави на Twitter и на веб-страницата #dearMoon Project.
Јапонскиот моден тајкун и неговите пријатели ќе бидат првите парници на летот на „SpaceX“ покрај Месечината, додека комерцијалните компании како „Blue Origin“ на Џеф Безос влегуваат во новата ера на вселенските патувања за богатите клиенти.
Мисијата на леталото „Starship“ на „SpaceX“ би требало да трае осум дена од лансирањето до враќањето на Земјата, вклучително и три дена кружење околу Месечината, со приближување на 200 километри над месечевата површина. Иако летото првично беше планиран за 2023 година, се соочува со низа одложувања поради тестирањето на леталото и неговите ракети.
Како и колегата милијардер Маск, и Маезава има желба за промоција и е вљубен во Twitter. Се пофали дека го држи Гинисовиот светски рекорд за пост кој најмногу е ретвитуван, кога понуди парична награда од милиони јени, или 7.300 американски долари, за 100 лица коишто ќе го пренесат. Маезава ја користеше оваа платформа за микроблогирање и за да ги регрутира осумте патници од целиот свет да му се придружат на патувањето на Месечината, велејќи дека се пријавиле милион луѓе.
TOP, чие е уметничкото име на Чои Сеунг Хјун кој се проби со (корејски) К-поп бендот Big Bang, е меѓу избраните патници, заедно со Аоки кој е јапонско-американски музичар и диџеј чиј татко е основач на синџирот суши ресторани „Benihana“
„Чувствувам голема гордост и одговорност од тоа што станав првиот корејски цивил кој оди на Месечината“, вели TOP во видеото објавено по објавата на Маезава.
И индискиот актер Дев Јоши е меѓу избраните во групата којашто главно се состои од уметници и фотографи. Американската олимпијка Кејтлин Фарингтон и јапонската танчерка Мију се резервни патнички.
Четириесет иседумгодишниот Маезава во понеделникот најави новости во врска со лунарната експедиција, во твит во кој вели дека одржал онлајн-состанок со Маск и дека подготвува „голема објава за Вселената“.