Апостолова: Средбите со косовските политичари не значат дека истите ги поддржувам

Шефицата на канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово Наталија Апостолова порача денеска дека нејзините средби со лидерите на косовските политички партии не значат дека таа се согласува со нивните позиции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Апостолова на својата страница на Твитер напиша дека позицијата на ЕУ е оти сите политички дејствија треба да бидат во согласност со Уставот на Косово.

– Во врска со моите средби со косовските лидери, јас нагласувам дека ги среќавам сите политички партии и лидери како дел од мојот дипломатски мандат. Средбите со нив не значат бездруго дека ги поддржувам нивните позиции. Позицијата на ЕУ е дека сите политички дејствија треба да бидат во согласност со Уставот на Косово, напиша Апостолова.