Најмалку девет лица се уапсени во вторникот во Босна и Херцеговина под сомневање дека искористувале деца за порнографија, потврдија до министерството за внатрешни работи на ентитетот Република Српска.
Апсењата ги спровеле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на ентитетската Управа на криминалистичката полиција во соработка со полициите од Бијељина, Добој и Бања Лука.
Полициските рации се спроведени на осум локации кои ги користеле уапсените лица и на кои, како што се сомнева, се сторени кривичните дела. Запленети се компјутери, теблети и телефони, како и мемориски и СИМ-картички.
Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари, како и за незаконско поседување оружје.
Локалните медиумите наведуваат дека уапсените сториле кривични дела посетувајќи мрежни страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија. Од тие страници преземале фотографии и видео-снимки кои ги складирале а потоа ги споделувале преки социјалните мрежи и апликации.
На социјалните мрежи ги рекламирале таквите снимки и ги продавале на други лица преку апликацијата „Pay pal“.