На југот на Германија во средата се уапсени двајца порашни припадници на германската армија Бундесверот под обвинение дека се обиделе да оформат вооружени единици кои би учествувале во судирите во Јемен, соопшти Главното државно обвинителство во Карлсруе.
„Аренд-Адолф Г. и Ахим А. се осомничени да се обидат да оформаат приватни паравоени еднци кои би се бореле во Јемен со цел ‘постигнување мир’ и мировни преговори меѓу сидрените припадници на народоти Хути и јеменската влада“, стои во соопштението на обвинителството.
Како што објави федералниот обвинител на барање, двајцата се уапсени во средата наутро од полицајци на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (BKA) во областа Брајсгау-Хохшварцвалд и во Минхен.Притоа, како што се наведува, на осомничените им било јасно дека во текот на тие акции би можело да дојде до судири со смртни последици.
Двајцата уапсеи веќе контактирале неколку поранешни припадници на германските вооружени сили и полицијата на коишто им ветувале плати од 40.000 евра месечно.
Полицијата извршила и петреси во становите на уште неколку лица за кои постојат сомневања дека одржувале контакти со двајцата осомничени поради регрутирање во паравоените единици.
Според замислата на уапсените, паравоените сили би требало да ги финансира владата на Саудиска Арабија. Како што се наведува во соопштението на обвинителството, повторените обиди за остварување контакти со властите во Ријад „останале неуспешни“.
Долгорочната идеја на организаторите е учество во воени судири ширум светот како платеничка војска.
Властите до иформациите за формирањето на паравоените единици дошле преку Германската воена разузнавачка служба MAD. Според написот во списанието Der Spiegel, еден од војниците Бундесверот, кого осомниечните се обиделе да го придобија за нивните паравоени едници, им се обратил на воените власти.