Апсење на скопскиот аеродром: Бугарка со фалсификувани документи сакала да излезе од државава

На Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, вчера во 11 часот, на излез од РСМ, бил приведен A.Д.A.(31) од Бугарија поради постоење основи на сомнение дека патната исправа, како и возачката дозвола и личната карта биле фалсификувани.

А.Д.А. бил предаден на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка, информираат од МВР.