![1-droga-Ohrid](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/1-droga-Ohrid.jpg?resize=587%2C270&ssl=1)
Две лица од Гостивар се уапсени во понеделникот вечерта поради продажба на дрога, а во засебен случај во соседно Тетово неколку часа претходно е приведено лица кај кое е пронајден хероин.
Вчера околу 19 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар биле уапсени 22-годишниот С.А. и 39-годишниот Т.М., и двајцата од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Кај нив била пронајдена и одземена марихуана, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, известија во вторникот од Министерството за внатрешни работи.
Апсењето во Тетово, пак, било спроведено околу 16,50 часот на улицата „Киро Ристевски- Дрнц“, кога бил приведен 45-годишен тетовец идентификуван со иницијалите А.Е.. При преглед, кај него е пронајден и одземен му е хероин.