Апсењето на таткото на Бојаџи е стара удбашка метода

Професорката и поранешен министер за култура, Ганка Цветанова смета дека апсењето на таткото на режисерот Јани Бојаџи е  стара удбашка метода со која се оцрнуваат луѓе и нивните семејства. Како што МВР претходно информираше, Андон Бојаџи (70) бил уапсен како дел од групата шверцери на артефакти.

 Не наседнувајте на соопштение на МВР за апсењето на таткото на Јани Бојаџи! Типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе и цели семејства. Сетете се дека и Ченто бил уапсен пред својата куќа а тогашното МВР соопштило дека го уапсиле на границата при обид за бегство во Грција!“, напиша таа на својот Твитер налог.