Апсолутно нема да гласам за уставните измени, вели коалицискиот партнер на СДСМ

Коалицискиот партнер на владата СДСМ, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија,  на прашањето дали би гласал за уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот устав без реципроцитет од страна на Бугарија, Трајанов рече дека нема да го поддржи тоа.

„Апсолутно не“, одговори Трајанов.