Гостиварчани останаа без вредниот златен накит, откако арамија влегол во нивната куќа додека тие не биле дома.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 8 до 12 декември додека домаќините биле на пат, арамија провалил во нивната куќа во гостиварското село Топлица.
Арамијата успеал да влезе во домот откако со погоден алат го отворил прозорецот од подрумот. По извршеното пребарување, арамијата украл разновиден златен накит, вреден околу 10.000 евра.
Со богатиот плен тој избегал во непознат правец, полицијата трага по него.