Златен накит вреден над 4.000 евра бил украден од куќа во тетовското село Пирок, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Крадецот влегол во куќата на 58-годишниот М.И. од тетовското село Пирок, од каде што успеал да го пронајде и украде златниот накит.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.