Арамија направил штета од околу 2.000 евра откако насилно влегол во училиште и украл 23 компјутери.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи тешка кражба се случила пред две ноќи во основото училиште „Даме Груев“ на улицата Ѓорче Петров во Битола.
Арамијата влегол во училница откако насилно го отворил прозорецот, а потоа насилно ја скршил бравата од метален орман од каде украл 23 лап топи
Со компјутерите вредни околу 2.000 евра, арамијата избегал во непознат правец.
Полицијата работи на расчистување на инцидентот.