Арамија украл 7.000 денари од црква во кумановскo Проевце

Мета на арамија  била црквата во село Проевце.

Непознат сторител вчера провалил во црквата „Света Мина“ во кумановското село Проевце.

Според информациите од полицијата, арамијата влегол во малиот храм откако насилно ги скршил катанецот и бравата од влезната врата. Потоа, тој ги собрал парите од иконите кои верниците ги оставаат за здравје и среќа. Со плен од 7.000 денари во различни апоени тој избегал.

Полицијата работи на откривање на арамијата.