Според информациите од Министерството за внатрешни работи ноќта помеѓу неделата и понеделникот арамија со погоден алат делувал на дрвената врата и влегол во црквата Света Петка во тетовското село Варвара.
Тој се упатил во трпезаријата и откако го скршил држачот, зел ЛЦД телевизор и избегал.
Полицијата трага по сторителот кој на црквата и направил штета од околу 20.000 денари.