Арапските земји застанаа зад Ријад, Западот многу воздржан по егзекуцијата на новинарот

© AP Photo / Lefteris Pitarakis

Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и владата на Јемен, арапски сунитски земји од Блискиот исток во саботата речиси со идентични изјави го поддржаа изјаснувањето на Саудиска Арабија за смртта на опозицискиот саудиски новинар кој живееше во егзил во САД, Џамал Кашоги, додека западните земји, кои се нивни сојузници во регионот, неочекувано многу воздржано кога станува збор за смрт на медиумски работник реагираат и главно го премолчуваат убиството.

„Египет забележува дека храбрите, решителни потези и одлуки кои во овој случај ги донесе саудискиот монарх се во согласност со ставовите на неговото височество кои го почитуваат принципот на правото и ефикасното правосудство“, соопшти египетското министерство за надворешни работи. Изразува, исто така, сочувство до семејството на новинарот Кашоги, со уверување дека истрагата ќе ја докаже вистината.

Обединетите Арапски Емиратни соопштија дека „ги пофалуваат упатствата и одлуките на саудискиот крал Мохамед бин Салман во случајот Кашоги“.

На честитките се придружи и Јемен, а Бахреин, исто така, ја пофали одлуката на саудискиот престолонаследник во поглед на „воспоставување на правдата“ „Саудиска Аранија ќе остане држава на правдата, вредностие и принципите“, се наведува во соопштението на Бахреин.

Велика Британија упати сочувство до семејството на Џамал Кашоги и соопшти дека ги разгледува извештајот на Саудиска Арабија и „нашите следни чекори“.

Холандија повика на дополнителна истрага за околностите на смртта на новинарот. „Многу нешта сé уште се недоречени. Што се случило? Како умрел? Кој е одговорен? Се надевам и очекувам дека наскоро ќе ги знаеме сите релевантни факти“, изјави премиерот Марк Руте.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека појаснувањето на Ријад за смртта на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул е „убедливо“. Признавањето за неговата смрт и околностите во коишто се случило тоа ги нарече „добар прв чекор“.

„Саудиска Арабија е одличен сојузник. Она што се случи е неприфалтиво“, изјави Трамп и додаде дека ќе разговара со тамошниот престолонаследник. Додаде, исто така, дека се надева оти ќе нема да има откажување на големите вносни договори меѓу Вашингтон и Ријад во областа на одбраната.

Единствен кој досега изрази „длабока вознемиреност“ по признието на Ријад за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изрази генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Меѓународната организација за човекови права Amnesty International (AI) соопшти дека саудиското објаснување во врска со смртта на Кашоги во нивниот конзулат во Истанбул изгледа како камуфлажа за „свирепото убиство“.

„Саудиска Арабија го допре дното во врска со состојбата на човековите права во земјата… Ова стравично убиство во зградата на конзулатот претставува вонсудска егезкуција“, порачаа од организацијата и го повикаа Ријад да го предаде телото на Кашоги за обдукцијата да ја извршат независни форензички експерти.