„Арбериа дизајн“ е фирмта која ќе ја организира денешната свеченост за поставувањето на камен темелник на коридорите 8 и 10Д. „Арбериа дизајн“ е фирма која често ги организира владините настани. Лани беше ангажирана од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби за прославата на годишнината од Рамковниот договор, а годината претходно и за прославата на Денот на албанската азбука. Таа стана и еден од најголемите играчи во бизнисот со учебниците по воведувањето на Кембриџ-програмата во 2014 година. Во 2015 г. беше најголемиот поединечен донатор на ДУИ.
Екипата на Телма вчера беше на местото каде денеска ќе се одржи и церемонијата. Забележавме и комбе на фирмата „Арбериа“ . Го контактиравме преставникот дали е ангажиран за денешната манифестација. Ниту негираше, ниту потврди.
Точно на пладне ќе се одржи свечена церемонија со која ќе се означи стартот на како што велат од Владата досега најголемиот инфраструктурен проект кој што е со сомнителен надзор, кој ќе чини 1, 3 милијарди евра, а за кој ќе бидат потребни и уште 300 милиони евра за експропријација.