Арсенал и Челзи во дуел за европски трофеј

Таканаречените „англиски денови во европските купови“ почнуваат во средата кога на Олимпискиот стадион во Баку, Арсенал и Челзи ќе играат во финалето до Лига Европа, а ќе продолжат во саботата со финалетов во Лигата на шампионите во Мадрид, меѓу Ливепрул и Тотенхем.

Првпат во историјата финале на некогашниот Куп на УЕФА и сега Лига Европа ќе ираат два клуба од ист град, во случајов Лондон. Дсоега девет пати во финалните натпревари настапувале клубови од иста земја, но никогаш од ист град.

Ова ќе биде третото „англиско“ финале во историјата на европските купови, а четвртото следи за неколку дена. Првото финале се одигра во 1972 година кога Тотенхем и Вулверхемптон го играа првото такво финале во Купот на УЕФА, а второто во 2008 година кога во финалето на Лигата на шампиониет играа Манчестер Јунајтед и Челзи.

За Челзи дуелот во Баку ќе биде првото европски финале откако во 2013 година ја победија Бенфика во Лига Европа. Челзи тогаш се впиша во историјата како само четвртиот клуб кој ги освоил сите три еропски купови. Една година претходно „Сините“ станаа европски шампиони, а во два наврата во 1971 и 1998 година го освоија и Купот на победниците на Куповите (КПК).. Дотогаш тоа им успеало на Јувентус, Ајакс и Баерн.

Челзи до финалето дојде без пораз, со 11 победи и три ремија, а интересно е што имаат рекордни 17 натпревари во низа без пораз во ова натпреварување.

Арсенал од својот градски ривал е далеку поуспешен во домашните натпреварувања, но во Европа досега освои само еден трофеј, и тоа поранепниот КПК во 1994 година, а уште четири пати се поразувани во финалните мечеви. Последниот пат во 2006 година од Барселона во финалето на Лигата на шампионите. Повеќе европски трофеи од „Топчиите“ има и новниот тренер Унаи Емери кој трипати беше победник на Лига Европса како тренер на Севилја.

Челзи и Арсенал досега одиграле 197 меѓусебни средби, но во Европа играле само еднаш. Во четвртфиналето на Лигата на шампионите во 2004 година, а подобри беа „Сините“. Во првиот меч Челзи и Арсенал играа 1:1, 1 потоа Челзи победи на гостувањето со 2:1.

И двата тренера имаат грижи околу составите. Маурисио Сари не може да смета на Лофтус-Чик, Хадспн-Одои и Рудигер, а не е сигурен ниту настапот на Канте, додека од спротивната стреана ќе ги нема Ремзи, Суарез, Белерин и Холдинг, а Мхтаријан нема да патува бидејќи како Ерменец азербејџанските власти од „безбедносни причини“ не му издадоа влезна виза. Причина е повоеќегодишниот според и војните судири меши Ерменија и Азербејџан околу регионот Нагорно-Карабах.

Натпреварот се игра во 23 часот по локални време, па со евентуални продолженија и изведување пенали натпреварот би можел да трае до 3 часот утрото. Стадионот има капацитет од 68.000 гледачи, но клубовите добија по само 6.000 влезници што предизвика гнев кај навивачите и кај двата клуба. Дел од навивачите поради тоа одлучија да го бојкотираат патувањето во Баку, па УЕФА може да биде посрамотена бидејќи финалето може да се одигра пред полупрази трибини.

Иако ВАР (Video Assistant Referee) технологијата досега не беше користена во Лига Европа, таа ќе се применува во финалето. Мечот ќе го суди Италијанецот Џанлука Роки, додека во ВАР собата ќе надлгедува неговиот сонародник Масимилијано Ирати.

Состави:

Челзи: Аризабалага – Азпиликуета, Кристенсен, Давид Луиз, Алонсо – Ковачиќ, Жоргињо, Баркли – Педро, Жиру, Азар.

Арсенал: Чех – Колашинац, Кошчиелни, Папастатопулос, Мустафи, Метленд-Нилс, Џака, Тореира – Обамејан, Озил – Лаказет.