ДКСК да спроведе транспарентна постапка, кај Рамчиловиќ има судир на интереси и тргување со влијание. Откако Рамчиловиќ стана пратеник на СДСМ и гласаше за промена на името и за бугаризација во собранието работа во МВР добија неговата сопруга и неговиот син. Симптоматично е како во рок од три години откако Рамчиловиќ стана дел од блокот на СДСМ кој ги поддржува анационалните политики во собранието, два члена од неговото семејство добиваат работа во МВР, изјави денеска за медиумите, Тони Јаревски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ги повика ДКСК не само да отвори постапка, туку истата да биде целосно транспарентна за јавноста да може да има увид особено што Рамчиловиќ и двете вработувања ги добил откако ја сменил политичка страна.
– Очигледна е нишката на пазарење и мора да се утврди дали влијанието на Рамчиловиќ одлучувало за приемот на неговата сопруга на работа во МВР, но и потоа дали тој како пратеник повторно, но сега и неговата сопруга како висок функционер во МВР влијаеле за вработување на неговиот син како полицаец. Дополнително ги повикуваме ДКСК истрагата да биде навремена, без да се чека случајот да се заборави од јавноста, додаде Јаревски.