Воздушна маса од Арктикот донесе рекордно ниски температури за овој период од годината во некои делови во САД, пренесуваат во средата медиумите.
Достигнати се температурни рекорди во некои сојузни држави, како Канзас и Илиноис. Метеоролозите велат дека стотици рекорди би моќеле да бидат достигнати или соборени во текот на оваа седмица.
Четири смртни случаи во сообраќајот веројатно се поврзани со лошите временски услови. Повеќе од илјада летвои се отакжани, а во некои места затворени се училиштата.
Националната метеоролопшка служба предупредува дека студената воздушна маса продолжува да се шири кон источниот брег на Соединетите држави. Предупредува и дека студениот фронт дава чуство на средина на зимата а не на ноември, во повече од две третини од источниот дел на земјата,
Неколку градови во Канзас во вторникот забележале рекордно ниски темепратури за датумот 12-ти ноември. Најниска била во Гарден Сити – 18 Целзиусови степени под нулата. Чикаго, исто така, забележал рекордни минус 14 степени за овој датум, а би можел да забележи и рекордни врнежи на снег во ноември.