Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции кои тоа ќе го побараат. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…
– Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да фнкционра, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амасадорка Рејчел Галовеј.
Таа појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање.
– Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од интитуциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатеи најгоелмиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници како „8 Септември“ и другите во градов и во поголемите центри, како Тетов, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска.
Додаде дека тоа ќе го направат на локално ниво со минимум трошоци.
– Она кога кажуваме дека треба да инвестираме во одбрана сега може да видиме дека е така. Инвестираш во мирнодопски услови, за да можеш да се потрепреш во време на криза. Системот покажува дека може да му се верува и дека е тука и кога е најтешка ситуацијата – потенцира министерката за одбрана.
Целта на ангажирањето на армијата, како што појасни, е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пацинетите се заштитени и дека тоа е работа на полцииајта и армијата сега.
Наведе дека без прогласување на кризна состојба таа поддршка не беше возможна или ќе беше незаконска. Согласно Уставот и нашите законски одредби, армијата не може да биде употребена во услови надвор од криза, вонредна или воена состојба. И една од причините, како што рече министерката, зошто дадовме предлог за кризна состојба, е дека во вакви услови може да ги коритиме армиските сили заради обезбедување ред и поголема дисциплина и организација околу здравтвените организации.