По предлогот на ВМРО-ДПМНЕ технички Министер за внатрешни работи да биде Драган Ковачки, своја поддршка дадоа и од Баталјонот за специјални намени „Волци“.
Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме писмото кое беше испратено до редакцијата на КУРИР.
Како припадници, поранешни и актуелни во Баталјонот за специјални намени Волци, несакајќи политички да се инволвираме, но чуствувајќи должност да го изразиме нашето лично и поединечно мислење како граѓани на нашата земја Македонија, сакаме да го потенцираме следново:
Полковник Драги Ковачки е чесен, искрен патриот, со врвни професионални вештини и наобразби. Човек од службата, дисциплиниран и со челична нескршлива волја. Патриот, , одличен бранител и колега, еден од нас. Човек кој се вгради во нашата единица, и во Армијата. Како сегашни и поранешни членови на”Волци”застануваме зад честа, угледот и името Драган Ковачки. Да се биде дел од Армијата, и од Волците, никогаш и никаде не може да биде хендикеп, туку огромна чест и предност. На Македонија и се потребни професионалци, и луѓе со огромен потенцијал и наобразба. Тој ја има нашата поддршка и верба и тоа е она што му треба на МВР, на нашето општество, и на Република Македонија. Неговото назначување ќе значи заштита на професионализмот, на кадровскиот потенцијал, и на синовите кои се спремни да и служат на татковината, секогаш и секаде.
Нашата водилка е „луѓето пред сè“, Ковачки е човек каков што Македонија заслужува.
Со почит,
Граѓани на Македонија, поранешни и сегашни членови на Баталјонот за специјални намени Волци
Имињата и се познати на редакцијата