Ароганција и прикривање предизвикаа паника во Скопје поради коронавирусот, дали ќе има одговорност

Несфатливо е како директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска кога се вратила од скијањето во престижниот зимски центар Алта Бадиа на Доломити, во северна Италија, регионот во кој е најмногу е раширен новиот сој коронавирус Covid-19 и натаму одела на работа а министерството за здравство, во прв ред министерот Венко Филипче не реагирал на предупредувањата од колегите.

Имајќи предвид дека Цаца Биљановска преку социјалните мрежи јавно објавила дека се рекреира во северноиталијанската област која е жариште на епидемијата на Апенините, се поставува прашањето како докторката директорка минала и покрај тоа што патниците од ризичните региони се пречекуваат од епидемиолози кои им направат анкета и ќе им дадат препораки како да постапат доколку почувствуваат симптоми на вирусот.

„Сите патници кои пристигнуваат во нашата земја од Италија, ќе мора да потполнат прашалник. Истото важи за сите. Дури ако има некој симптом, тогаш ќе биде тестиран и во карантин“, рече Филипче на прес-конференција минатата седмица.

Оттаму, прашање е дали директорката Нина Цаца Биљановска воопшто го пополнила прашалникот?! И, доколку го пополнила, а е утврдено дека доаѓа од високоризично подрачје на зараза, зошто не реагирале здравствените власти.

Покрај тоа, Владата којашто ја именува на директорската функцина Цаца Биљновска со цел да се превенира  и за справување со опасностите на граѓаните им препорача да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на коронавирусот.

 

Згора на тоа докторката била предупредена од колегите да не доаѓа на работа согласно препораката на Министертсвото за здравство, оние кои престојувале во зафатени региони, да останат дома во изолација. Според извори од скопските клиники, дека Цаца Биљановска не ја почитува препораката, било информирано и Министерството за здравство, по што таа како директорка и се заканувала со откази.

Очигледно чувството на недопирливост кај директорката на Клиниката за кожни болести било преголемо а арогантната самобендисаност несразмерна. Веројатно тоа се должи на блискоста со министерот за здравство Венко Филипче кој на средината од јануари на својот фејсбук профил постирал видео обраќање на Нина Цаца Биљановска која се претставува како посветена докторка во однос со пациентите.

Меѓутоа, само по месец и половина Цаца Биљановска на дело покажа дека пациентите и се најмалку важни, како и впрочем, и нејзините блиски и колегите. Таа имено покрај тоа што не се самоизолирала по враќањето од Италија, одела на работа каде што била во близок контакт со перосналот на клиниката и со пациентите цели две седмици, а учествувала и на семинари на дрматолози.

Според неофицијални податоци, Цаца Биљановска, била во контакт со неколку стотици лица. Поради тоа веднаш по објавувањето на информацијата за нејзината позитивност на коронавирусот, во Скопје се јави паника, кај нејзините соседи, вработените во дуќаните во кои пазарела итн.

И, сега, доколку за жал сепак имаме експлозија на епидемијата на коронавирусот кој ќе одговара?

Дали санкции ќе сноси самата докторка-директорка Цаца Биљановска?! Којашто не ги почитувала препораките на здравствените власти и како медицинско лице многу повеќе од обичните граѓаните запознаето со начините на пренесување на заразата, свесно ја донела пошироката заедница во опасност. Или, пак, одговорност ќе понесе и нејзиниот министер Филипче, поради наводното оглушување на предупредувањата од колегите лекари за случајот на докторката-директорка?