Арсенал не издржа во Ливерпул

Фудбалерите на Евертон во понеделникот во последниот натпревар од 15-то коло на англиската Премиер лига на домашен терен со 2:1 го совлада Арсенал.

Гостите од Лондон поведоа во втората минута од судиското продолжени на првото полуврме со голот Мартин Едегард.

Ричарлисон, кому во 44 минтуа му беше пониште гол по ВАР проверката, во 58 минута постигна уште еден погодок, кои повторно беше поништен од ВАР-от. Но во 79 минута Ричарлисон по третпат на мечот ја затресе мрежата на „Топчиите“ кои овојпат му беше признат, а во втората минута од судиското продолжение за домашните погоди Деамараи Греј за победа на Евертон.

Со победата Евертон се проби на 12-то место со 18 бодови, а Арсенал со 23 бодови падна на седмата позиција.