Арсенал оружје, муниција и други експлозивни средства се пронајдени во селото Турија, западно од Бујановац.
Станува збор за арсенал оружје што е пронајден покрај џамија во селото во еден објект што се урива.
Претпоставки на полицијата се дека се работи за оружје што и припаѓало на ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац од 2001 година. Истрагата ја врши обвинителството во Врање со припадници на полицијата од Бујановац.