Во дербито од 36-то коло од англиското фудбалско првенство Арсенал го победи Ливерпул со 2:1, нанесувајќи му го на новиот шампион третиот пораз оваа сезона.
Хероја на лондонските „Топчии“ беше францускиот напаѓач Александр Лаказет кој впиша погодок и асистенција во победата на својот клуб.
Ливерпул поведе во 20 минута со голот на Садио Мане на асистенција на Ендрју Робертсон. Тоа беше негов шести гол против Арсенал, а само на Кристал Палас му дал повеќе – дури девет.
Меѓутоа, „Црвените“ во продолжението на првиот дел му подарија два погодока за пресврт. Во 32 минута Вирџил ван Дајк невнимателно му ја врати топката на Алисон, а Лакзает подгтовено го дочека подарокот и мирно израмни. Во 43 минута згреши и Алисон кој лошо дегажираше, Лаказет повторно ја зема топката и додаде до Реис Нелсен кој погоди крај немоќниот брезилски голман.
Интересно е што тоа беа двата единствени удара на домашните во рамките на противничниот гол во сите 90 минути. Ливерпул имаше 24 шутеви, но не успеа да израмни впишувајќи го третиот пораз сезонава.
Ливерпул остана на 93 бодови, а Арсенал е деветти со 53 бодови, и интерсно е да се види дали во преостанатите две кола ќе обезбеди пласман во европските купови.
Манчестер Сити на својот стадион „Етихад“ го совлада Борнмут со 2:1. „Граѓаните“ поведоа со 2:0 со погодоците на Давид Силва во 6 и Габриел Жезус во 39 минута, а во 88 минута намали Дејвид Брукс.
Манчестер Сити на две кола до крајот има 75 бодови и е сигурен на втората позиција, со осум бодови повеќе пред третопласираниот Челзи. Борнмут се чини го губи прволигашкиот статус, зашто е 18-ти со 31 бод, три помалку од 17-от Вотфорд кој има и меч помалку.
Тотенхем на стадионот „Сент Џејмс Парк“ го порази Њукасл Јунајтед со 3:1, а мечот го одбележа двојниот стрелец Хари Кејн кој со тоа влез во ткн „Клуб 200“. Со двата погодока Кејн дојде до бројката 201 гол во 350 натпревари, од кои 185 за Тотенхме, 9 за Милвол, 5 за Лејтон Ориент а 2 за Лестет.
Гистите од Лондон поведоа во 27 минута преку Сон Хеунг-мин, домашните израмнија преку Мет Ричи во 56 минута, но веќе по четири минути предноста на Тотенхем му ја врати Кејн со својот прв погодок а во 90 минута со вториот ја запечати судбината на Њукасл.
Тотенхем е моментално седми на табелата со 55 бодови, еден повеже од Шефилд кој има и меч помалку. Њукасл, пак, е сигурен на 13-то место со 43 бодови.
Барнли и Вулверхемптон одиграа 1:1, а домашните израмнија во шестата минута од судиското продолжение на мечот од пенал, кој го реализираше Вудс. Гостите поведоа во 76 минута преку Раул Хименез.
Барнли е деветти со 51 бод, додека Вулверхемптон со 56 бодови е на шестото место и има две кола да се избори за настап во Лига Европа.