Во петокот во Нион беа одредени двојките во четвртфиналните и полуфиналните дуели во фудбалската Европска лига
Во четврфиналето ќе се сретнат Арсенал – Наполи, Виљареал – Валенсија, Бенфика – Ајнтрахт Франкфурт и Славија Прага – Челза.
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 11-ти април, а реваншите се предвидени а 18-ти април.
Во полуфиналето, од кое првите мечеви се на 2-ри мај, а реваншите на 9-ти мај, ќе се сретнат победниците од дуелите Арсенал/ Наполи – Виљареал/ Валенсија и Бенфика/ Ајнтрахт – Славија/ Челзи.