На отворањето на новата фудбалска сезона во Англија, лондонски Арсенал како гостин на стадионот „Кревен Котиџ“ го победи повратникот во Премиер лигата – Фулам со 3:0.
Победата на „Топчиите“ им ја донесоа Александр Лаказет во 8, Габриел Магалјис во 49 и Пјер-Емерик Обамејанг во 57 минута.
Лаказет влезе во историјата на лигата како прв фудбалер кој го постигнал првиот гол во сезоната повеќе од еднаш. Првпат Французинот успеа да погоди во сезоната 2017/18, во натпревар со Лестер (4:3).
Одличен меч одигра Бразилецот Вилијан кој во својот прв настап за Арсенал впиша две асистенции. Последен играч кој во премиерниот настап за Арсенал остварил две асистенци беше Реј Парлоур во 1992 година во мечот против Ливерпул.
Ова беше шеста последователна победа на Арсенал против Фулам.
Екипата на Мекел Артетата минатата сезона го зазема само осмото место во првенството со 56 постигнати погодици, што е најмал број голови за Арсенал во сезона по 1996 година. Меѓутоа, оваа сезона амбициите на клубот од стадионот „Емирејтс“ се големи, а особено се зголемија по победата над шампионот Ливерпул во англискиот Суперкуп, односно Комјунити Шилд.
Во саботата уште се играат натпреварите: Кристал Палас – Саутемптон, Ливерпул – Лидс Јунајтед и Вест Хем – Њукасл Јунајтед.