енеска ми беше забрането да влезам во просториите на Територијалната противпожарна единица- Автокоманда каде требаше да имам средба со Синдикатот на пожарникарите на Скопје. Иако имавме однапред договорено средба на влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже?, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас знам од што е стравот, тој досега со понижување гледаше на пожарникарите. Сите бевме сведоци дури и на ситуации пред медиумите кога ги понижуваше. Проблем му е на Шилегов да излезат во јавност сите понижувања, проблем му е дека досега ништо не направил за нив освен што направи сомнителна набавка на противпожарната скала.
Бидејќи не можев да се видам со Синдикатот еве јавно објавувам дека имам цел план како да ја подобрам нивната состојба и како да се надминат сите предизвици. Имам нови и модернизирани решенија за поголема заштита, безбедност и спасување на градот од пожари, но и подобри услови за вработените.
Пожарникарите спаѓаат во категоријата работници кои што секојдневно се изложени на висок ризик. Не смееме дополнително да им ја отежнуваме работата! Ќе набавиме комплетна и стандардизирана заштитна униформа за интервенции, набавка на нови противпожарни камиони, теренски возила, возила за технички интервенции и за пренесување пожарникари со цел поефикасно гаснење пожари во урбана средина и за шумски пожари. Нови противпожарни станици ќе има во неколку општини во Скопје, како и реконструкција на сите постоечки. Планирана е и изградба на современ едукативен центар во кругот на единицата за вежба и усовршување на вештините на вработените, како и доедукација во специјализирани центри надвор од државата.