Данела Арсовска, независен кандидат за град Скопје оствари средба со генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар Арбен Тарвари, при што беше заклучено дека неопходни се квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани
-Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива.
Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани, објави на својата Фејсбук страница Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје.