Општопозната тајна е дека СДСМ брзаа да дојдат на власт за да ги сместат нивните фирми да работат за државните институции и на тој начин да заработуваат пари. Тоа е случај и со адвокатските друштва во СДСМ, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Класичен пример е адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое преку пет државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра. Имено, адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска – Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева“, рече Арсовски.
Појасни дека споменатата Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ, претседателка на форумот на жени во владејачката партија, а во Собранието се претставува како „голем таканаречен борец за правна држава којашто гледаме дека не функционира“.
Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, посочи Арсовски и праша како е можно токму ова адвокатско друштво да земе за три ипол години 55.000 евра?
„Кој е одговорот на пратеничката Снежана Калеска – Ванчева што токму адвокатското друштво каде што е таа основач и содружник до пред да стане пратеник, земало над 55.000 евра од овие институции во текот на овие три ипол години? Ова е начинот на СДСМ како заработуваат пари на грбот на граѓаните“, рече Арсовски.
Повтори дека во Собрание објаснува за правните норми и правна држава, а нејзиното адвокатско друштво што го основала претходно, пред да стане пратеничка, земала 55.000 евра од државни институции како паушали.
„На кој начин овие институции, каде и во најголем дел од директорувањето бил само еден човек директор од СДСМ и цело време токму оваа фирма ги добива паушалите? На кој начин токму оваа фирма ги добивала паушалите? СДСМ има вакви безброј канали за испумпување на парите на граѓаните по било кој основ. Тоа мора да се прекине“, порача поратпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски ја повика Антикорупциската комисија итно да отвори постапка и да провери дали сето ова е направено во рамките на законот.
„Можеби е направено во рамките на законот, но дали има судир на интереси и дали е етички морално и по законот за судир на интереси“, рече Арсовски.