Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовски рече дека не станува збор за бегалци, туку за луѓе кои работеле во меѓународни организации и кои се на привремен престој во земјава.
– Со целиот капацитет се насочени сите сили на институциите на државата да им се помогне на овие луѓе кои не се бегалци, туку се луѓе кои се вработени во меѓународни организации и кои доаѓаат во Северна Македонија одреден период додека да се средат сите документи за нивно продолжување до крајната дестинација – САД или трети држави, подвлече владиниот портпарол на редовната прес-конференција во Владата.