Деновиве гледаме молк од минитерката Радмила Шекеринска, нервоза од Зоран Шапуриќ и молк од Мултикултур невладината од Тетово, а покрај тоа додека граѓаните трпат за леб, а министрите на СДСМ си ги делите парите на граѓаните, па така министерката за труд и социјална политика Мила Царовска доделила гранд од стотици илјади евра на свој колега, обвини во саботата на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, затоа пак медиумите објавија дека покрај 400.000 денари кои ги доделила Радмила Шеќеринска на невладината на Зоран Шапуриќ нејзиниот колега и Мила Царовска на невладината на својот колега Шапуриќ доделила грант во вредност од стотици илјади денари. Замислете порано се стимулираа фирми за да отвораат нови работни места, а сега се стимулираат невладините организации на министрите на СДСМ. Лицемерно, долно и ниско. Граѓаните трпат за леб, а министрите на СДСМ си ги делите парите на граѓаните. Господине Шапуриќ, почитувана Царовска, Дали и колку пари е доделено од Министерството за труд и социјала на невладината организација од Тетово Мултикултура од која што дел е и министерот Зоран Шапуриќ? Дали ќе и се извините на јавноста и ќе ги повлечете грантовите кои ги доделивте на Шапуриќ? Наместо да се извините за ова што и го правите на државата и на граѓаните, уште и се заканувате по медиуми и партии што ги обелоденуваат вашите скандали. НЕ! Никој не ви се плаши и никого нема да исплашите и немој ни случајно да помислите дека со закани за тужби некого ќе замолчите да говори за вашиот очигледен неетички, неморален и недомаќински чин. Граѓаните не можете да ги исплашите и замолчите да бидат револтирани од вашите скандали, бидејќи тие пари кои си ги префрлате меѓу вас се пари на граѓаните“, истакна Арсовски.
Додаде дека очигледно е дека штом дел од нив молчат, а дел од нив се инволвирани во скандалите се заканувате, тие ја признаваат вината за овој скандал.
„Царовска, според членот 353 јасно пишува во кривичниот законик дека следува кривично гонење за злоупотреба на службена должност. Јавното обвинителство се уште е на потег и се уште може да ги сотре овие можни коруптивни скандали. Слободно охрабрете се и слободно сотрете ги овие криминал и корупција што ни царуваат во Владата како никогаш до сега. Тоа ви е работа впрочем На крајот, само да ви порачам граѓаните и Република Македонија ќе победат“, порача Арсовски.