Откако полициски службеник, за кого лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е икона, како што самиот напиша во 2019 година, на социјалните мрежи напиша коментар полн со омраза и закана кон портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во јавноста се огласи и самиот Арсовски.
-Извесен Елхам Шкрета, потпишан на ФБ како Еки Сдсм, близок гушкач на Заев со кој што се гушкаат на митинзи на СДСМ, инаку вработен во МВР, денеска лут бидејќи Оливер Спасовски е неспособен, се „истакна“ јавно во врска со мене.
Од кадри и членови на СДСМ не ни очекувам ништо поразлично од ова, ама сум сигурен дека овој лик го штитат Заев и Спасовски.
Прво, треба да си недоветен и луд да мислиш дека ако некој пцуеш јавно ќе ти се плаши. Тоа кај мене не го гледа овој лик. Имало мажи и мажи што не ме исплашиле, па нема ни овој.
Второ, поважно ми е дали Оливер Спасовски ќе преземе одговорност да го сакционира од работно место или ќе го штити и ќе го награди?
П.С.: Додека вакви работат во МВР, не „Јавна соба“, да има случај и „Јавна куќа“, нема да се реши. Е, заради вакви ни се случуваат вакви скандали како „Јавна соба“ – напиша Арсовски.