СДСМ и Зоран Заев кој што во моментов е премиер во заминување да имаа срам и одговорност колку што крадат изминативе години и лажат, сега веќе ќе имаше оставки и ќе беа паднати од власт, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оставката на Заев стана исто како и оставката на Венко Филипче. Едниот одговорен што изгореа 14 живи луѓе во модуларната болница во Тетово и починаа над 7.000 од корона, а другиот одговорен за пропаста на Република Македонија. Лагата за оставката е измамнички потег, манипулаторски, срамен и потег на очаен криминалец како Зоран Заев, кој што сепак е премиер во заминување и мора да си оди. Има над 1 милијарда причини да си оди Заев од политиката и да си даде оставка. Прва од тие 1 милијарда причини е што тој лично е одговорен за украдени над 1 милијарда евра, пари на граѓаните. Нема тендер којшто не е наместен или за тоа да не е задолжен неговиот брат, вели Арсовски.
Тој додава дека во Тетово живи изгореа 14 граѓани, од корона починаа над 7000 луѓе, а Венко Филипче нема ниту одговорност ниту пак има намера да даде оставка, односно таа оставка ја приложи до јавноста, но бидејќи е договорен со Зоран Заев да ги манипулираат граѓаните не му беше прифатена. Затоа што исто така не планира Филипче да даде оставка, бидејќи и тој самиот задолжен во министерството за здравство за преку него да преминуваат сите тендери кои што ги бара семејството Заеви да бидат поделени во истото тоа министерство и да нема никаков проблем и последица. Сите знаеме какви се тие тендери и колку милиони чинат.
-Се киднапираат пратеници во Собрание како да е наједноставна политичка алатка за функционирање. Зоран Заев е киднапиран човек од неговите лични криминални пориви и тоа веќе сите го знаат. Тој е толку киднапиран од неговиот порив за криминал што мора да киднапира други пратеници. Во МВР со државни ресурси, високи лица од МВР, командири, шверцуваат дрога, во случај каде што сите знаете е вмешан и човек кој е близок, односно човек од семејството на Зоран Заев и повторно за тоа никој не сноси одговорност. Образованието никогаш не било полошо од сега. Книги се фрлаа во контејнери и се палеа како да сме окупирани од талибанци. Всушност, окупирани сме од мафијашки нарко картел кој го интересира единствено криминалот и никаков напредок за државата, идните генерации и економијата. Заев да има малку, ама барем малку срам, како што го нема, сега ќе имаше дадено оставка од позицијата премиер и ќе сносеше одговорност. Ваква економска, енергетска и секаква општествена криза не се памети одамна. Сепак, ако Заев не сака да даде оставка, граѓаните сами ќе му ја испорачаат. Народот одлучи со над 100.000 разлика на локалните избори, дека времето на политичари измамници и лажговци како што е Зоран Заев и целата таа клика околу него во СДСМ е веќе завршена. Сега само се чека на одговорност која што верувајте дека ќе ја има, вели Арсовски.