Арсовски: Избори може да се одржат кога ќе се создадат услови

На новинарско прашање на денешната прес-конеференција зошто нема да учествуваат на изборите во Штип, а бараат нови избори за нова Влада, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски не даде конкретен одговор.

Го повтори ставот на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дека бараат експертска Влада за национален спас.

 „Избори може да се одржат кога ќе се створат услови. Таа експертска Влада, може Зоран Заев да си поднесе оставка и да биде составена од луѓе кои што навистина знаат и умеат како, и им е дојдено до државата, до граѓаните, до иднината на Македонија и тоа ќе биде Владата за национален спас. Но тоа не го вклучува и Зоран Заев во таа Влада бидејќи се покажа дека неговата политика е тотално фијаско. Се виде дека кога Зоран Заев оди сам да преговара и да управува со државата, ја носи во бездна и во ќорсокак“, изјави Арсовски.