Арсовски: Каков и да биде изборниот модел, завршена е политичката кариера на Заев

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги демантираше шпекулациите дека постои некој таен договор помеѓу опозицијата и СДСМ за тоа каков треба да биде изборниот модел во Република Македонија. Тој истакна дека како и да се одлучи консензуално помеѓу партиите каков ќе биде изборниот модел во Република Македонија, Зоран Заев и СДСМ ќе ги загубат следните избори.

-Во однос на прашањето дали има позадински договор со СДСМ, веднаш да ја отфрлиме таа шпекулација. Нема позадински договори и можам само да кажам, како и да се одлучи консензуално помеѓу партиите со поддршка на граѓаните, толку е од Зоран Заев и од СДСМ. Каков и да е изборниот модел кој ќе се примени на изборите Зоран Заев ќе изгуби, вели Арсовски.