Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека некрофилски расположена активистка на СДСМ која на полициските службеници им порачуваше Куманово да им се деси, сега си доби пријател кој ќе ја води полицијата.
Свој пријател си доби и активистот на СДСМ кој палеше слики од претседателот Иванов, се шеташе со секира и ги демолираше неговите канцеларии во центарот на градот. Тие може да бидат сигурни дека за нив законите не важат и нема да одговараат што и да направат понатаму. Ова е главниот аргумент зошто токму личниот телохранител на Оливер Спасовски е поставен за прв човек на Бирото за јавна безбедност. СДСМ продолжува со грубата партизација на полицијата, изјави Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски кажа дека СДСМ со поставувањето на Сашо Тасевски за Директор на БЈБ покажа само дека ги вреднува единствено партиските достигнувања.
Најголемите достигнувања на Сашо Тасевски е тоа што заедно со својот колега во Собранието каде што според Правилникот на Собранието не смееше да носи пиштол, под команда на Заев каубојски пукаа во граѓаните, тогаш како тогашно обезбедување на Оливер Спасовски. Тасевски за ова доби награда и од личен бодигард стана Директор на Бирото за јавна безбедност, една од најважните функции во министерството за внатрешни работи. Со ова назначување на Сашо Тасевски за Директор на БЈБ, Зоран Заев ги погази сите принципи на кариера и достоинство на припадниците на МВР и ги деградираше сите професионалци кои наназад со години професионално ја граделе својата кариера во МВР, изјави Арсовски.
Вели дека трагично е тоа што цената на ваквата катастрофална политизација на министерството на крајот ја плаќаат граѓаните со сопствената безбедност и безбедноста на нивните блиски.
МВР е во коалиција со криминалот и за само една година го претворија во туристичка агенција, а секојдневно медиумите се полни со убиства, рекет, насилства и запалени автомобили и било каков вид на криминал. Веќе никој не е безбеден на улица бидејќи убијци и насилници се шетаат слободно и продолжуваат да дивеат по улиците. Веќе нема дилеми зошто и после 10 месеци убиецот на младиот Мартин Јанушев е сеуште на слобода. Нема дилеми зошто ниту едно убиство не е решено и ниту едно обвинение не е покренато. Партиските кадри на СДСМ не се борат, туку го штитат криминалот бидејќи се во коалиција со него. Еве ја првата задача за новиот туристички водич на МВР-ТУРС, нека го изведе пред лицето на правдата убиецот на Мартин Јанушев и нека ги открие и приведе тие што му се заканувале на неговиот претходник, а на заканите повторно да служат како алиби за Велковски да злоупотребува обезбедување и службени возила, изјави Арсовски.