Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по пресудата за случајот “Рекет”, рече дека сега е јасно дека Зоран и Вице Заев нарачувале рекетирање во Македонија.
“Бојан Јовановски алијас Боки 13, инаку првообвинет во случајот “Рекет” јавно во судница потврди дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви! Сега веќе е и официјално потврдено дека нарачатели на рекетирањето во Македонија се Зоран и Вице Заеви!”, пишува Арсовски на Фејсбук.

Ова следува откако денеска во судница осудениот првостепено Бојан Јовановски на 9 години затвор рече дека парите треба да се бараат кај семејството Заеви.