Нови притисоци врз медиумите и политичка хајка, открива портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во својата најнова колумна објавена на порталот ПЛУСИНФО.
Во продолжение Ви пренесуваме извадок од неговата колумна:
Деновиве е акутелна една тема која можеби е странична покрај сите социо-економски и државно-интересни маки на граѓаните кои им ги нанесе оваа влада на Заев и СДСМ, но сепак е многу важна за да се спречат овие првите две кои се најважни за граѓаните. Слободата на говорот.
Цели четири броја од весникот „Слободен печат“ имав можност моите ставови и размислувања да им ги претставам на граѓаните преку пишан збор, за веднаш уште после првата објавена колумна во весникот, да почнат и притисоците и маките од СДСМ кон доскорешното уредништво. Епилогот го знаете, заради непремостливи разлики помеѓу сопствениците на „Слободен печат” (читај блиски луѓе на Заев и на СДСМ) и уредникот Героски, беше поднесена оставка од уредникот за да не мора да се трпат притисоците и глупостите од овие првите. Веднаш потоа следеше и-маил адресиран до мене, каде што ми се прекинува соработката, бидејќи не се знаело дали јас пренесувам лични ставови или на партијата и не било во ред портпарол на партија да пишува колумни во весник. Не било добро за весникот. Нормално, по директна наредба на Заев и на СДСМ.
Ова доволно говори за ситуацијата со слободата на медиумите и слободата на говорот во Република Македонија. Штом се подготвени на ваков чекор на задушување, нека бидат подготвени и да ја водат војната преку која ќе бидат разобличени и СДСМ и целата влада, а верувајте веќе ја губат и сигурно ќе ја изгубат. Пред да преминам, сакам само да им порачам дека им се ближи крајот. Што повеќе замолчувате, толку повеќе народот не ви се плаши и наоѓа алтернативни решенија да ви ја скрои капата за криминалот што го правите. Затоа ви велам, загубена е таа војна, прашање е кога ќе се предадете, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во својата колумна објавена на порталот ПЛУСИНФО.
Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.