Арсовски: Со Димитриевски од СДСМ сме противници, НО, овој човек ја кажува вистината за трулиот систем на Филипче, Спасовски, Заев…

Со овој човек имаме спротивставени политички мислења и верувам дека така ќе остане засекогаш, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, по неговото гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма на својот Фесјбук статус и додава:

„НО, има едно големо НО, овој човек кој е од СДСМ ја кажува вистината за трулиот систем на Венко Филипче, Оливер Спасовски, Зоран Заев, Царовска, Шеќеринска и другите.
Запазете го моментот кога вика дека не добил одговор од институциите со денови и дека е оставен сам на себе. Жалосно.
Филипче на прес вика сѐ е ОК, не се плашете, а човеков очајно моли за помош. Не за него, за граѓаните кои секојдневно се покосени од вирусот. Значи не е ОК. Филипче разобличен, Оливер скриен под јорган, Заев мисли само на бизнис.
Јас и наредните избори ќе работам против Максим Димитриевски, но сега можам само да сочуствувам со цело Куманово и она што му го прават него цела Влада на СДСМ“.

Понатаму Арсовски истакнува: „Имам многу роднини (дел од моето дедовско потекло), пријатели, сопартијци пред сѐ од Куманово и знам со што се соочуваат во моментов и што се случува.
Апелирам за крај, да не го обвинуваат платениците на Заев сега и нивниот градоначалник дека се бави со политиканство – на Куманово му треба помош! Укажувањето на неспособност не е политиканство!
За крај, ќе издржимо сви заедно и ќе га победимо и видливога (СДСМ) и невидливога (Ковид-19) непријатеља и па ќе се дружимо у Баба Цану или низ кафиќи низ центар.
Само сас ладни главе и што побрго да искочимо од овуј кризу“!