Криминалот и корупцијата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев и СДСМ во Република Македонија. Извештајот на Стејт Департментот е потврда за криминалот на Заев и криминалната булумента околу него, каде што е и повеќе од јасно кој го прави и кој го контролира криминалот, и кој го зема митото и рекетот во државава, рече Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.
Според него бизнис заедницата ја изостава Република Македонија како инвестициска локација од единствена причина што секој од власта, од првиот до последниот ешалон им бара мито и ги рекетира и затоа се принудени да одат и да инвестираат компаниите во други држави.
– Зоран Заев којшто рече дека криминалот и корупцијата ги прави третиот ешалон, очигледно ги има измешано ешалоните. Заев сè уште не е свесен дека не му проаѓаат лагите кај граѓаните и се однесува недоветно. Еве јавно ќе прашаме дали и Лидија Димова не е прв ешалон којашто ограби европски пари? Стотици илјади евра, европски пари ги проневери Лидија Димова за едукација на магариња и сл. Дали и доделувањето на грантови на високи партиски функционери од Фондот за иновации не беше прв ешалон на функционери? Сите знаете дека една плејада цела од првиот ешалон на СДСМ и власта зема грантови од Фондот за иновации. Дали и Кочо Анѓушев којшто беше втор човек до Заев, потпретседател на Заев, потпретседател на Владата не беше прв ешалон? Господинот си укина царина за увоз на електрични литиум јонски акумулатори. Дали и Драги Рашковски и Николче Тасевски од МНАВ и случајот „Леонардо“ за којшто виде целата јавност односно слушна, не се прв ешалон на луѓе? Веднаш до Заев се. Криминал од неколку милиони евра со италијанската компанија „Леонардо“ – праша Арсовски.
Тој вел дека историските неуспеси и високиот криминал и корупција се случуваат секогаш кога на власт е СДСМ, но сега во времето на Зоран Заев во СДСМ, криминалот и корупцијата го достигнаа врвот којшто никој не може да го замисли.