Арсовски: Заев ја почна метлата внатре за да зацврсти својата позиција

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при вчерашното гостување на 1ТВ појасни дека метлата која удри по претседателите на општинските организации не може да ги го сокрие фактот дека сегашните министри ништо не направија за доброто на граѓаните.

-Зошто Заев најпрвин ја почна метлата внатре од партијата? Ја почна заради таа партиска превласт која што можеше да му се случи, за да зацврсти својата позиција или можеби уште повеќе да ја разниша, истакна Арсовски.

Арсовски смета дека операција метла е еден вид театар од проста причина што еден претседател во општинска организација Радовиш на пример не е виновен и нема да оправда неостварен проект на некој министер како на пример на министерот Сугарески.

Еден претседател на општинска организација Новаци се разреши не може да ја врати довербата кај граѓаните за сите скандали во Фондот за иновации.