Арсовски: Заев со „метла“ се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при вчерашното гостување на емисија на 1ТВ посочи дека Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција по изгубените 200.000 гласа на претседателските избори.

Јас и вчера јавно на едно мое ТВ излагање наметнав една теза тоа е дека во моментов  под оној превез на метлата кој што можеби и почна како еден пи-ар момент помеѓу двата круга подарувајќи му Драган Спасов – Дац кој што е можеби и еден од првите кои го опфати таа метла како неуспешен раководител на институција. И сметам дека под овој превез на метлата се крие можеби и внатрепартиска борба односно стабилизација, при што Зоран Заев се обидува да направи стабилизација на сопствената позиција бидејќи сепак за тој огромен пад на гласови можеби околу 200.000 на овие избори треба некој да одговара, појасни Арсовски.

Арсовски додаде дека е нормално кога некој треба да одговара треба да почне следствено од врвот на пирамидата па надолу. Но тука знаеме дека со сите неспроведени политики, со сите лажни ветувања, со сите неостварени проекти и низа скандали, требаше одговорноста да почне од Зоран Заев.

Но Зоран Заев во моментов си остави еден период каде што е тој единствен човек кој разрешувајќи ги сите во СДСМ, тој остана човек кој само тој може да одлучува за сите понатамошни одлуки во СДСМ, нагласи Арсовски.