Асад: Во Франција вчера се случи она што во Сирија се случува пет години

Претседателот на Сирија Башар ал Асад изрази денеска сочуство на француските пратеници поради терористичките напади во париз, укажувајќи дека истото се случува во Сирија веќе пет години, пренесува МИА.

Во Франција вчера се случи она што во Сирија се случува веќе пет години, изјави Асад на средбата со француските парламентарци во Сирија, во рамки на која ќе имаат средба и со шефот на дипломатијата Валид Муалем и колегите од сирискиот парламент.